Балкан
20. September 2015 - 12:41

Меимаракис: Денеска е ден за празнување

Денеска е ден за празнување. Вечерва сите Грци заедно ќе прослават едно ново утро за Грција, изјави лидерот на Нова демокартија, Евангелос Меимаракис за време на денешното гласање во Атина.

Според него, грчкиот народ сака да ги остави зад себе сивилото, лагите и сиромаштијата.

- Со својот глас тие сакаат да се донесе вистината и искреноста за подобро утре за Грција, рече Меимаракис.

Вкупно девет милиони и 837 илјади Грци денеска гласаат на вторните предвремени парламентарни избори годинава.

Во изборната трка учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои се натпреваруваат за 300 места во грчкиот парламент.