Македонија
8. April 2021 - 8:44

Мехмедовиќ: За да има ефикасни резултати потребно е затворање од 5 до 7 недели

„Јавното здравство е преполно и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници. Поради тоа, голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет“, вели доктор Злате Мехмедовиќ, кој работи во ковид-центар.

Според него овие мерки се неуспешни и ако сакаме да имаме ефикасни резултати, потребен е локдаун кој ќе се спроведе во период од 5 до 7 недели.

„Тој треба да даде ефикасен систем, во кој што ќе се намалат бројките на новозаразени, а потоа може да се размислува за релаксирање“, рече Мехмедовиќ.