Механичко срце кај 42 годишен пациент: Нова успешна операција на државна кардиохирургија
Деновиве, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е изведена уште една операција на имплантација на лево-коморен асист дивајс или популарно кажано механичко срце, кај 42 годишен пациент.
Интервенцијата ја изведе комплетно самостојно, македонскиот тим, на чело со директорот на институцијата, проф. д-р Сашко Јовев.
Оваа операција се користи за лекување на терминална срцева слабост кај пациенти кај кои што ниту еден друг тип на третман веќе не е можен и останува имплантација на механичкото срце или трансплантација.
Со ова, оваа процедура влезе како една од редовните на Универзитретската клиника за државна кардиохирургија и се започна со модерен третман на пациентите со терминална срцева слабост.
По воведувањето на оваа и претходно неколку други модерни операции, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија се работи буквално се, од рутинската до најмодерната хирургија.
Ова, ја става Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во редот на модерните европски клиники и лидер во државното здравство на нашата држава.
Ново на Сител
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици