Меѓуресорска работна група за посоодветна распределба на Буџетот за локалната самоуправа
Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за формирање меѓуресорска работна група за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој.
Согласно оваа Информација на денешната седница е усвоена Предлог – одлуката на Канцеларијата на премиерот, која во идниот период, врз основа на консултациите со Заедницата на едниците на локалната самоуправа, ќе се разгледа можноста за воведување нова практика во подготовките за Буџетот на државата, во неговата рана фаза на предвидување средства за поддршка и развој на локалната самоуправа и на рамномерниот регионален развој за посоодветна распределба на Буџетот за локалната самоуправа со цел Градот Скопје и општините да обезбедат успешно спроведување на проектите од интерес на граѓаните.
Министрите дадоа позитивно мислење на Барањето за автентично толкување на член 21 став 1 точка 4, во врска со член 20 од Законот за данок на добивка, поднесено од пратеникот Енес Ибрахим, согласно кое се отвора можност за примена на придобивките од ослободување од двојно оданочување за права на интелектуална сопственост (книжевни, ликовни, научни дела, вклучувајќи и кинематографски и телевизиски аудиовизуелни дела), а кои потекнуваат од земји со кои Република Северна Македонија има склучено меѓународни договори за избегнување на двојното оданочување.
Ново на Сител
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите
-
Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме