Меѓунарониот кривичен суд бара истрага за кршење на човековите права во Авганистан
Обвинителка на Меѓунарониот кривичен суд (ИЦЦ), Фату Бенсуда побара да се одобри истрага за наводите за кршење на човековите права во Авганистан, вклучително и обвиненијата против армијата на САД и ЦИА за силување и мачење, потоа за злосторствата на талибанците против човештвото и воените злосторства на авганистанските безбедносни сили.
Првпат ИЦЦ бара истрага против Американците поради наводите за воени злосторства. САД не се членки на Меѓународниот кривичен суд, но американски државјани можат да бидат обвинети за воени злосторства направени во држави кои се членки на Судот.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека го анализира барањето на Бенсуда за истрага, додавајќи оти е против мешање на Меѓународниот кривичен суд во Авганистан.
- Нашиот став е јасен: Истрага на ИЦЦ поврзан со американскиот персонал би била целосно неоправдата и недозволива. Покренувањето на таква истрага нема да е ниту во интерес ниту за правда во Авганистан, се посочува во соопштението на Стејт департментот.
Бендусда планира да ги истражи и активностите на оперативците на ЦИА во тајните затвори во Авганистан и другите земји кои се членки на Судот.
- Достапните информации ни пружаат разумна основа да веруваме дека американскиот воен персонал и оперативци на ЦИА вршеле тортура, сурово постапувале и го навредувале личното достоинство, силувале и вршеле сексуално насилство над притворените поврзании со судирот во Авганистан и на други локации, пред се во периодот од 2003 до 2004 година, се посочува во барањето на Бенсуда.
Таа додаде и дека талибанците и нивните сојузници се осомничени за злосторства против човештвото и за воени злосторства во рамките на распространета и систематска кампања на заплашување, убивање и киднапирање на цивили, за кои се смета дека ја поддржуваат Владата или се спротиставуваат на талибанските бунтовнци.
Од друга страна и авганистанските безбедносни сили се осомничени за учество во „систематско мачење и сурово однесување кон притворените лица, вклучително и сексуално насилство“:
Меѓународниот кривичен суд формиран е во 2002 година и е прв постојан светски суд за кривично гонење поради воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж