Македонија
6. May 2019 - 16:33

Меѓународните набљудувачи регистрирале семејно гласање и поткуп на гласачи

Македонија доби позитивна оценка за организирање и спорведување на вториот круг од изборите, но меѓународните набљудувачи на терен вчера забележале семејно гласање и поткуп на гласачи во Штип и Струмица. Вакви забелешки до мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава пристиглане и од опозициската партија. Очекуваат МВР да ги испитаат сите сомнежи за прекршување на избирачкото право.

И покрај позитивните оценки, мисијата на ОБДЕ ОДИХР го посочува изборното законодавство како најголем проблем кој се провлекува низ годините. Апелираат на итни изборни реформи и очекуваат партиите да ја препознаат пораката на мнозинството граѓани кои сакаат промени.

Марие кристин далоз парла собрани на сов на европак И првиот и вториот круг од изборите за шеф на државата минисјата на ОБСЕ ОДИХР ги следеше со над 170 набљудувачи на терен. Меѓународната навлудувачка мисија ќе го следи постизборниот период.