Македонија
15. September 2017 - 8:52

Меѓународниот ден на демократијата

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 септември.

По повод 20-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за демократија на Интерпарламентарната унија и 10-годишнината од прогласувањето на Меѓунардниот ден на демократијата, свое обраќање ќе имаат претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот претседател на Собранието на РМ Стојан Андов и Ѓулистана Марковска пратеничка од првиот парламентарен состав.