Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“
Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан откако во две огромни експлозии во вторникот вечерта загинаа повеќе од 100 луѓе и над 4.000 се повредени.
Експлозиите го уништија пристаништето во главниот град Бејрут и уништија цели населби во градот. Десетици луѓе се исчезнати, а спасувачите продолжуваат да работат, со надеж дека ќе најдат преживеани.
– Ситуацијата е апокалиптична, Бејрут никогаш не знаел за такво нешто во својата историја, изјави градскиот гувернер Маруан Абуд, кој се расплака во солзи пред камерите во вторникот кога виде дека пристаништето е уништено.
Кувајт вчера соопшти за пристигнување на негов авион во Либан со медицинска помош.
Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница заедно со 50 спасувачи и медицински персонал. Другите три руски авиони ќе достават лабораториска опрема за тестирање на коронавирус и заштитна опрема, како и друга помош.
Франција вчера испрати три авиони со неколку тони медицински материјали. Со нив патува и тим од служби за цивилна заштита.
Германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи. Тие синоќа го напуштија Франкфурт со обучени кучиња и 15 тони опрема за откривање на луѓе под урнати згради.
Италија испрати пожарникари – специјалисти кои проценуваат хемиски опасности и оштетени згради, а Холандија – хуманитарни работници. Спасувачки екипи беа испратени од Чешка, Грција и Кипар, а Велика Британија вети помош од пет милиони фунти.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси најави отворање теренска болница во главниот град на Либан.
Помош понудиле САД, Турција и Израел, Иран и држави од Персискиот Залив, Тунис и многу други земји, како и ОН, Светската здравствена организација, Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка