Македонија
14. April 2016 - 8:49

Меѓународна научна конференција „Seecure 2016“

Во организација на Евро-атлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија)  денеска ќе се одржи меѓународна научна конфернција „Sееcurе 2016“, во пресрет на самитот на НАТО што ќе се одржи во Варшава во јули годинава.

Главен фокус на конференцијата ќе биде ставен на бенефитите од членството на Македонија во НАТО и можностите и перспективите за забрзување на овој процес. Ќе се дебатира за безбедносните ризици со кои се соочуваат Македонија и светот, почнувајќи од сајбер до енергетската безбедност, хибридната војна, масовните миграции и другите не-воени фактори на нестабилност ја прават  безбедноста глобален предизвик.

Во тек на конференција ќе се одржат дискусии на темите „Влијанието на евро-атлантските интеграции врз економиите на земјите од Југоисточна Европа“, „Енергетска стабилност, стабилен регион“ и „Влијанието на евро-итегративните процеси врз меѓуетничките односи“.