Македонија
25. March 2016 - 17:08

Меѓународна научна конференција на Европскиот универзитет

Практичните искуства и развивање на идеи за улогата на маркетингот во бизнисот беа во фокусот на третата меѓународна научна конференција, што се одржа во Европскиот универзитет во Скопје. Маркетингот е една од клучните функции во секое претпријатие и нема бизнис кој што би можел да се развива ако во своето работење не го практикува претставувањето на своите производи и услуги, посочи професорот Алекса Стаменковски.

Новите навики на потрошувачите говорат дека иднината на маркетингот е во он-лајн промовирањето на производите, смета д-р Динка Златева професорката на Југозападниот универзитет “Неофит Рилски” од Бугарија.

- Доколку се следат навиките и однесувањето на потрошувачите, ќе видиме дека тие се повеќе време поминуваат на интернет. Според тоа, од витално значење за секоја фирма е во својата корпоративна стратегија да насочи што е можно повеќе средства во своето интернет рекламирање.

Третата меѓународна научна конференција беше со меѓународен Организациски и Уредувачки Одбор, каде што  учествуваа дел од најголемите научни имиња од регионот.