Македонија
24. September 2016 - 8:55

Меѓународна манифестација „100 илјади поети за промена“ во Струмица

Во Струмица вечерва ќе се одржи шестото издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Мнифестацијата е од меѓународен карактер и годинава се одржува во над 100 земји со најавени 500 настани.

Учесниците обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја, проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи.

Манифестацијата е поддржана од годишната програма на Општина Струмица.