Македонија
20. July 2016 - 17:23

Меѓународна криминална група се обидела да ги “олесни“ картичките на штипјани

Обид за сајбер криминал во Штип. Хакери од карибските острови утринава се обиделе да повлечат пари од сметки на неколку штипјани. За среќа на повеќето од нив им дошле смс пораки дека е направен неуспешен обид за повлекување на средства, затоа што немале толку пари на трансакциската сметка. Граѓаните велат дека се запознаени со вакви и слични случувања, а некои биле и самите жртви.

Преку интернет ми влегоа во трансакционата сметка и ми наплатиле некои руски сексуални игри. Јас никогаш не сум играл. Ми ги вратија парите. Банката за 2 дена реагираше и ми ги вратија парите-анкетиран граѓанин

Експертите по оваа проблематика велат дека постојат повече начини за кражба преку трансакциски сметки, а кај нас најзастапено е преку поставување на читачи на банкоматите.

Речиси не се приметливи за обичните луѓе и можат да ги преземат податоците уште самиот банкомат да ги преземе- Изјава Драган Георгиев, советник по информатика

Георгиев додава дека посиофистцираните крадци користат и цели лажни банкомати кои се всушност машини за собирање на податоци. Жртва на сајбер криминал најчесто се лицата кои купуваат преку интернет, па затоа се препорачува пазарење само преку светкки познатите сервиси.