Македонија
26. October 2017 - 8:31

Меѓународна конференција за приватна и јавна безбедност

Унапредување и професионализација на приватното обезбедување во Република Македонија во борбата против сите форми на криминал и загрозувања, се теми на меѓународната конференција „Приватната и јавна безбедност-соработка и партнерство“ што се одржува денеска во организација на  Комората за приватно обезбедување.

Конференцијата е во рамки на кампањата „Денови на приватно обезбедување 2017” и одбележување на 40 години постоење и работа на Факултетот за безбедност во Скопје.
 
Во фокусот на конференцијата се актуелните состојби и предизвиците со кои се соочува дејноста приватното обезбедување во Република Македонија, додека програмата е посветена на размена на знаења, искуства и практики од реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство.

На конференцијата е најавено учество на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.