Бизнис
1. November 2018 - 9:15

Меѓународна конференција за безбедност и здравје при работа

Претставници од Македонското здружение за заштита при работа ќе учествуваат на Меѓународната конференција за регионална соработка за безбедност и здравје што од денеска до сабота ќе се одржи во Приштина, Косово.

Конференција ја организира BALcanOSH, мрежа на граѓански организации кои делуваат на полето на безбедност и здравје при работа на ниво на Балканот и кои преку размена на знаење, искуство и добри практики влијааат во обезбедувањето на безбедни и работни места.

Целта на конференцијата е да ги утврди насоките и фокусите на идните истражувања и развојот на безбедноста и здравјето при размена на теоретски и практични искуства.

Досега, вакви конференции се одржаа во Охрид во 2015 година, Блед во Словенија во 2016 година и во Будва во Црна Гора во 2017 година.