Македонија
5. September 2017 - 8:30

Меѓународна конференција за безбедносните предизвици на Балканот

Меѓународна конференција „Балканот помеѓу Истокот и Западот: стари и/или нови безбедносни предизвици“, ќе се одржува од денеска до четврток во Охрид во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје и Факултетот за безбедност од Белград. 

На конференцијата се најавени учесници од Македонија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Данска, Унгарија, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина итн..

Главната цел на конференцијата е на едно место да се собере академската заедница од Македонија и од странство заради размена на мислења и дискусии за најважните прашања поврзани со безбедноста на светот во 21 век.

- Тргнувајќи од сложениот сплет на истражувачки интереси и комплексниот курикулум кој беше развиван низ децениите, идејата е да се промовира интердисциплинарниот пристап и да се овозможи размена на мислења за важни и комплексни прашања, информираат организаторите на конференцијата.

На отворањето на конференцијата најавено е обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери.