Меѓународна конференција „Владеење на правото - Каде се движиме?”
Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје во соработка со Центарот за европски студии за политики (Center for European Policy Studies - CEPS) од Брисел денеска и утре организира меѓународна конференција на тема „Владеење на правото - Каде се движиме?”
Организаторите најавуваат дека настанот ќе ги собере претставниците на релевантните интернационални институции, амбасади, научната заедница, тинк-тенк организациите, граѓанскиот сектор, како и оние кои ги креираат политиките, со цел утврдување на состојбата за тоа до каде сме денес со владеењето на правото во Европа и во која насока се движиме.
- Овие прашања ќе бидат дискутирани во областа на правото, безбедноста и економијата во неколку експертски панели, пленарни сесии и воведни предавања. Особено внимание ќе се посвети на ситуацијата во Централна и Источна Европа и на ситуацијата во Западниот Балкан., соопшти ЦЕА.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид