Македонија
19. November 2015 - 8:30

Меѓународна конференција „Нутрикон 2015“

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам „Нутрикон 2015“.

Најавено е учество на преку 150 научници, истражувачи, експерти, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци од Европа и од целиот свет кои работат во областите на производство, преработка, квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравје, нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија. 

Состојки и додатоци во храната, структура на храна, адитиви, витамини, фортикикација на храна, нутритивна физиологија, производство и преработка на храна, прехранбено инженерство и одржливост,     клиничко здравје и исхрана, анализи на храна, микробиологија, хемија и биохемија на храна, сензорни својства на храна и ИТ науки, квалитет и безбедност на храна, јавно здравје и нутритивна епидемиологија, микробиолошки, хемиски, физички опасности, анализа на ризик, јавно здравје и исхрана, прехранбена биотехнологија, нови биопроизводи, функционална храна, потрошувачи, ќе бидат само некои од темите на конференцијата.

„Нутрикон 2015“ се организира во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ), Иницијативата за глобална хармонизација (ГХИ) и Спрингер, а е акредитирана од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија.