Македонија
16. September 2016 - 8:41

Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ денеска ќе започне десеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.

На ликовната колонија, која е организирана од општина Карпош и Детскиот ликовен центар, се очекува присуство на ученици од збратимените општини, кои два дена ќе се дружат и ќе работат на уметнички дела.

Изработените дела, како што информираат од општина Карпош, во сабота ќе бидат презентирани на традиционалната изложба во рамките на ликовната колонија.