Македонија
13. May 2016 - 8:34

Mеѓународен стоматолошки конгрес

Mеѓународен Стоматолошки конгрес на тема: „Справување со предизвиците во стоматологијата“ ќе се одржи од денеска до 15-ти овој месец во Струга.

На конгресот ќе учествуваат  предавачи од Македонија, Италија, Швајцарија, Хрватска, Германија, Турција, Албанија и Косово.

Во рамки  на конгресот ќе се организираат и презентации, постер презентации и четири работилници од областа на Ендодонцијата, протетиката, естетската стоматологија и како новитет демонстрирање на денталната фотографија.

Конгресот го организира Стоматолошкото друштво на Албанците во Македонија.