Македонија
6. October 2016 - 8:50

Меѓународен симпозиум „Енергетика - 2016“

Во Охрид денеска почнува меѓународниот симпозиум „Енергетика - 2016“ што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

На настанот кој традиционално се одржува секои две години, ќе бидат презентирани 79 авторски  трудови, а на пленарните седници ќе се дискутира за енергетската стратегија на Балканот, термоелектраните, природниот гас, технологија на хидроелектрани и дигиталната опрема за управување на капацитети. Целта е обезбедување платформа  за размена на најважните информации, постигнувања и искуства меѓу експертите од областа на енергетиката, приватни компании, истражувачките центри, универзитетите и другите заинтересирани страни на локално и на меѓународно ниво. 

Симпозиумот ќе трае до сабота, 8 октомври, а на денешните две пленарни сесиии експерти од Македонија, Бугарија, БиХ, Италија, Русија и Шведска ќе дискутираат за состојбите во секторот како значаен  економски фактор  во Република Македонија и пошироко.

Енергетската фела ќе  разменува  мислења околу предизвиците со кои се соочуваат енергетските субјекти и ќе ги идентификува механизмите за нивно надминување. Ќе бидат презентирани и иновации во областа на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, како и новите прелиминарни анализи околу идните потенцијални енергетски проекти во Македонија.

Главен покровител на годинашниот симпозиум е АД ЕЛЕМ.