Македонија
15. November 2016 - 9:04

Меѓународен семинар за телемедицина

Меѓународен семинар за телемедицина на тема „Подобрување на здравјето и безбедноста на Балканот“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје. 

Семинарот го организира PanEuropa Бугарија со коорганизаторите Истражувачкиот центар за безбедност одбрана и мир и меѓународен развој и техничка помош ДОО на САД со поддршка од НАТО Наука за мир и безбедност.

Настанот ќе го отвори Соломон Паси, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија.

Дел од организацијата на семинарот е и Македонско-бугарската стопанска комора,на покана од Атлантскиот клуб на Бугарија.

Домаќин на настанот  е Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.