Меѓународен саем за образование и странски јазици
Меѓународен саем за образование и странски јазици денеска ќе се одржи во Музејот на македонската борба, во организација на македонската специјализирана агенција за едукативни патувања во странство - Едутравел.
На саемот ќе бидат презентирани сите програми достапни преку Едутравел, меѓу кои и програмите на КУБ од Белград чиј застапник во Македонија е Едутравел.
- Саемот ќе биде информативен, а учесници се претставници од училишта од Велика Британија, Австрија, Швајцарија и Бугарија кои пред присутните детално ќе ги промовираат своите програми достапни за младите од Македонија, соопшти Едутравел, која го организира саемот заедно со компанијата КУБ од Белград, која повеќе од 25 години успешно посредува во организација на образовни програми во земји од Европа и САД.
Првиот саем е именуван КУБ ЕДУКО 2017 и, според најавите, во план е да стане традиционален и секоја година да го зголемува бројот на учесници од странство кои директно пред заинтересираните ќе ги презентираат своите програми.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок