Македонија
21. May 2016 - 9:38

Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ќе се одржи денеска и утре во Гостивар.

На фестивалот, кој свечено ќе биде отворен вечер во 19 часот, ќе се претстават поетите финалисти избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и од повеќе балкански земји. Изборот го направи жири комисијата чиј претседател е истакнатиот македонски поет, есеист и критичар Бранко Цветкоски.

Тоа се поетите:  Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска,  Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова и Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

- Годинашната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни искри“ се од­ли­ку­ва со суп­тил­на те­мат­ска ар­хи­тек­то­ника, со разнородна, но високо мотивирана стил­ска из­ведба, со бројни мик­ро­по­е­тич­ки гра­да­ции на те­ми­те на сов­ре­ме­на­та лич­ност заг­ле­да­на и упа­те­на кон го­ле­ми­те оче­ку­вања, прес­вр­ти­те и жес­то­кос­ти­те на жи­во­тот, со увер­ли­ва ек­спо­на­жа на внат­реш­на­та ус­трој­ба на пес­ните, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, Цветкоски.

Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.

Наградите на фестивалот - Гран при, прва, втора и трета награда, како и награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра ќе бидат доделени утре напладне на свечена манифестација.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Настанот е поддржан од Министерството за култура.