Македонија
3. October 2015 - 19:33

Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови „Кратово 2015“

Општината Кратово по четврти пат е домаќин на меѓународниот фестивал на етнолошки документарни филмови.  Два дена кратовчани ќе може да уживаат во дваесеттина филмови, во кои се прикажани традиционалните обичаи во Гвинеа Бисао, исцелителни обреди во Иран, бекташките обичаи во Канатларци, празнувањето на свети Трифун во штипско Ново село и многу други интересни етнолошки приказни од сите меридијани на планетата.

-Ние сме среќни што четврта година по ред можеме да го организираме овој филмски фестивал на етнолошки филмови, единствен од таков тип на овие простори. На овој фестивал може да се видат филмови што тешко може да се видат на друго место, филмови што раскажуваат за различни култури – вели Владимир Боцев од Македонското етнолошко друштво.

Оваа ретка филмска манифестација е во организација на Македонското етнолошко друштво. Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура, а финансиски е поддржан од општината Кратово.