Македонија
16. November 2015 - 8:58

Меѓународен ден на толеранцијата

Македонската академија на науките и уметностите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата.

По тој повод организираат дебата на тема „Мултикултурализмот и толеранцијата - миграциите и предизвиците на социјалната интеграција“.

Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува традиционално по четврти пат и се предвидува во иднина на овој ден во Академијата да се одржуваат научни дискусии и дебати, при што на тој начин ќе се даде посебен придонес оа научен аспект на овој датум.