Македонија
3. December 2019 - 19:40

Меѓународен ден на лицата со попреченост

Маргарита Милошевска е самохрана мајка на девојче кое боледува од Церебрална парализа. 16 годишната тинејџерка не оди на училиште. Но не болеста, туку непристапноста до образовна установа и отсуството на обучени наставници, се пречките поради кои девојчето не посетува настава. Маргарита нема ниту кој да и го причува детето, кога мора да ги заврши секојдневните обврски.

Инклузивното образование го има на хартија, но не и во пракса-ова го покажа извештајот за остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби, според кој над половина од основните училишта немаат капацитет да работат со деца со попреченост

И додека развиени земји имаат стратегија како лицата со попреченост да  се вклучат во општеството Македонија се уште е во фаза на дебати. Родителите на овие деца најавија протест на 10 декември. Се надеваат дека надлежните ќе ги слушнат нивните проблеми.