Свет
25. March 2016 - 15:08

Меѓу жртвите од бриселските напади има Британец, Кинез и Французин

Британските власти соопштија дека еден Британец загинал при терористичките напади во белгиската престолнина во вторникот.

Станува збор за Дејвид Диксон, компјутерски програмер кој живеел во Брисел.

Тој загинал во нападот на метрото, пренесува БТА.

Седум Британци беа повредени во нападите, според податоците на „Форин офис“. 

Кинеската амбасада во Брисел соопшти дека загинал кинески државјанин, кој беше именуван само со неговото презиме - Денг. Други детали не беа пријавени.

Француското Министерство за надворешни работи потврди дека еден француски државјанин е убиен и 12 се повредени, од кои тројца се во многу тешка состојба.

Бомбашите-самоубијци на Исламската држава во вторникот извршија напад врз бриселскиот аеродром и една метро станица.

При нападите загинаа 31 лица и 270 беа повредени.