Балкан
8. December 2016 - 9:07

Меѓу уапсените за тероризам во Белгија двајца Косовци

Меѓу осуммината уапсени од страна на белгиската полиција, осомничени за поврзаност со тероризам, има и двајца Косовци,како и еден Албанец од Србија.

Обвинението ги товари за „учество во терористички активности“, односно регрутирање џихадисти за Сирија и собирање финансиски средства за нивно испраќање.

Пренесувајќи ја оваа вест, тиранската телевизија Топ чанел пренесува и дел од напис на весникот „Њујорк тајмс“ од мај 2016 година во кој стои дека Косово се повеќе се соочува со опасноста од исламскиот радикализам.

- На боиштата на страната на џихадистите се наѓаат 324 лица од Косово, вклучувајќи и двајца камикази, 44 жени и 28 деца. Тоа претставува најголем број на учесници на страната на ИД по глава на жител во Европа, се наведува во написот.

Според косовските власти во текот на оваа година регистран е најмал број на лица кои се приклучиле на ИД на боиштата во Сирија и Ирак. Официјално годинава таму заминале само шест лица.