Македонија
8. March 2016 - 20:34

Меѓу Дојран и Гевгелија од грчка страна има над 20 илјади бегалци, околу 1.500 заглавени на Табановце

Германија – тоа единствената посакувана дестинација за бегалците заглавени во транзитниот центар во Табановце. Дел од нив престојот го борјат во денови, дел во недели. Плановите за нивбното патување ги променија српските власти. Од вчера на пладне рампата е спуштена. Ниту еден од бегалците, не добил дозвола да стапне за српско тло.

Над 400 бегалци, на кал во вреќите кои ги добиле од хуманитарните организации кои за среќа овде ги има во доволен број или во малите шатори ја минале минатат ноќ. Без храна 24 часа. Дур попладнево пристигна првиот оброк. Чашка топло гравче од хуманитарците кои дознале дека овде има луѓе кои немаат каде, ниту напред ниту назад. Бегалците од Сирија не се откаќуваат. Планот им е да одат на запад, во Турција велат нема враѓање.

Еден километар пред оваа зона на ничија земја е прифатниот центар. Во кампвоите поставени од УНХЦР овде над илјада бегалци чекаат кој и како ќе им ја скори судбината. Дел од нив дваесетина дена спијат на дрвените клупи кои беа поставени за неколку часовен одмор од патот на балканската рутата. И нивната ќелба е да се стигне до Германија.

Од ЦУК тврдат дека храна во транзитниот центар има доволно. За бегалците ги има основните услови за хигиена, а добиваат и редовна здраствена заштита, барем во моќностите на ваков терен. Сепак и надлежните веќе ја чуствуваат тензијата.

 Бегалците се молат да заминат на запад, но Европа очигледно крои поинакви планови. Колку ќе останат на Табановце одговор нема никој.