Македонија
7. July 2020 - 18:50

Меѓаши: Учениците се жртви на вербално насилство, во училиштето не гледаат помош

Наместо дружба, во училишните клупи се почесто има навредување и исмевање. Вербалното, е најчест облик на врсничко насилство во средните училишта, и за него посведочиле дури 88 проценти од испитаните ученици кои биле дел од истражувањето на тема „Насилство во училиштата и меѓуетничките односи“, спроведено во ноември и декември лани од првата детска амбасада Меѓаши.

Според истражувањето, учениците не го препознаваат училиштето како установа каде може да побараат помош во случај на насилство.

А загрижувачки е и фактот што се поголем број средношколци носат оружје на училиште, вели првиот човек на детската амбасада во светот Меѓаши.

Со цел да се реши проблемот и наставниците и учениците се согласиле дека е потребно воспоставување воспитни модели, взаемна ефикасна комуникација, како и личен раст и развој на секое дете.