Македонија
28. December 2017 - 22:12

„Меѓаши“: Слаба застапеност на детските права во работата на Собранието

Слаба застапеност на детските права во работата на Собранието годинава покaжуваат податоците од извештајот на првата детска амбасада “Меѓаши”.

Од 28те пленарни седници, на само 5 биле поставени прашања кои директно или индиректно се разговарало за деца и нивните права. На 58-те одржани седници на работните тела, на само десет биле поставени прашања кои се однесуваат на деца.

Најзастапени биле прашањата поврзани со правото на квалитетено образование, правото на здравствена и социјална заштита.

Изминатите 12 месеци имало 98 јавувања на СОС телефонот на првата детска амбасада, од кои четири биле од деца. Прекршување на правата на децата при бракоразводна постапка, семејно насилство, сексуална злоупотреба и питачење биле најчестите причини за дојава.

Со цел грижа за менталното здравје за децата жртви или сторители на насилство, од оваа година Меѓаши повторно ја активира можноста за бесплатно директно психолошко советување и психотерапевтска помош и поддршка.