Македонија
21. January 2020 - 16:42

Меѓаши: Детските права-недоволно во фокусот на пратениците

Пратениците не ги ставиле во фокус детските права. Вака првата детска амбасада Меѓаши ја оцени работата на Собранието во однос на законите кои го штитат детето. Бараат следниот парламентарен состав повеќе да се посвети на овој проблем.

Според извештајот на Меѓаши, од јули до декември лани, од вкупно 40 предлог закони, во 6 од нив дирекно биле опфатени детските права. Само еднА иницијатива била на предлог на пратенциите-законот за младинско учество.

Меѓаши очекуваат освен пратениците,поголем интерес да покажаат и политичките парии и во своите предизборни програди да вметнат мерки за подобрување на правата на детето.