Меги и Бјанка

“Меги и Бјанка” е тинејџерка комедија за модерните пријателки од италијанска продукција. Во улогата на Меги ја гледаме италијанската актерка Емануела Реи, а во улогата на Бјанка настапува Џорџија Бони.

Серијата започнава кога американското девојче Меги добива стипендија за да учи на Академијата за мода во Милано, наjпрестижно училиште од тој тип во целиот свет. Во новото училиште се запознава со Бјанка, ќерка на моќен и богат италијански магнат во модната индустрија.

Двете доаѓаат од сосема различни средини и имаат спротивни карактери, па затоа меѓусебното запознавање не поминава прекрасно. Но, како минуваа епизодите, Меги и Бјанка успеаваат да се запознаат подобро и заедно да зачекорат кон врвот во модниот свет. Истовремено, формираат музички бенд во кој ги покажуваат своите музички таленти и способности.

Во новите продолженија на серијата, следете ги новите авантури на Меги, Бјанка и нивните пријатели. Средношколските денови се можеби најубавите за секого, па така и за нашите хероини следуваат низа драматични и весели моменти на смеа, музика, љубов, забава.