Џет-Сет
19. May 2018 - 13:55

Меган во бело блесна пред црквата: Еве како изгледа венчаница од 400.000 долари

Принцот Хари и Меган Маркл денеска стапија во брак.

Капелата Свети Џорџ во Виндзор е подготвена за церемонијата која започна попладнево, а во неа се наоѓаат 600 столчиња што е максимален капацитет.

Се зборува дека фустанот чинел неверојатни 400.000 долари.

-Можеби звучи прескапо но тоа е венчавка на годината и стотина часови се вложени во рачната изработка на овој прекрасен фустан, рекоа од кралското семејство.

Меган носи венчаница на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, соопшти Кенгсингтонскат апалата. Невестата дизјанот го избра уште во јануари, а на 9 мај беше соопштено дека фустанот е готов и се крие во Виндзор.

Долгиот бел фустан со долги ракава, со „чамец деколте“, како што носеше Одри Хепберн и голем вел со месеци ги интригираше фановите на кралското семејство ширум светот.

Вејт Келер минатата година стана прва жена директор во славната француска модна куќа „Живанши“.

Невестата се појави речиси без шминка, со природен изглед.

Прстенот е од велшко злато, подарок од кралицата Елизабета.

Прстенот на принцот ќе биде од платина.

Двата прстени се направени во златарата „Клив енд Компани“, која го изработи и вереничкиот прстен на Меган Маркл.

Да потсетиме, принцезата Дајана на својата венчавка носеше фустан дизајниран од Дејвид и Елизабет Емануел, додека Кејт Мидлтон носеше фустан на моданта куќа Александер Меквин.