Свет
27. December 2018 - 21:19

Мега цунами им се заканува на Европа и САД: Ако се активира малиот вулкан ќе исчезне брегот на Англија и Франција

Еден од најистакнатите вулканолози на светот предупреди дека ако проработи еден многу активен вулкан на Канарските острови, бреговите на Европа, Велика Британија и САД може да бидат уништени од огромни цунами.

Професорот Стивен Спаркс, од Универзитетот во Бристол, го откри Кумбре Виеха, многу активен вулкан на островот Ла Палма, во близина на популарната дестинација за одмор на Тенерифе. „Вулканот кој се наоѓа на осторовот многу е нестабилен. Во некои случаи може да предизвика големи свлечишта кога дел од островот би се сронал во морето.

Тоа може да предизвика големо цунами. „Тешко е да се знае колку би било опасно ова цунами околу Атланскиот океан зошто може да удри на источниот брег на САД или на Европа“. Зошто е тешко: ако се бањате и направите бран така што со рака ќе ја турката водата од еден на друг крај ќе добиете поголем бран отколку да туркате полека.

„Проблемот е во тоа што не знаеме доволно за тоа колку брзо ќе се случи одрон“, вели Спаркс. Ако релативно споро се срушат, нема да се добие голем бран. Но ако тоа се случи експресно, тогаш може да има навистина голем бран.

Кумбре Виеха значи стар рид на шпански. Два пати е забележана негова ерупција - 1949 и 1971 година - во во текот на изминатите 12 месеци на островот се забележани илјадници потреси, од кои 928 само во една седмица во февруари годинава.

Голема ерупција може да значи дека осторовот ќе престане да постои - заедно со брегот на јужна Англија.