Македонија
25. January 2021 - 15:30

Меџити: Албанците ќе бидат над 25 отсто

Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25 отсто, изјави координаторот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Изет Меџити и порача дека нема потреба од дилеми за бројноста на Албанците, објави „Плусинфо“.

–  Според бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа – рече Меџити.