Меџик маркетите на Макпетрол со ново име, ВЕРНА Shop & drive
Макпетрол го најавува ребрендирањето на веќе познатите и модернизирани маркети кои од сега ќе бидат под брендот ВЕРНА.
Новиот визуелен идентитет и назив на нашите ВЕРНА Shop & drive маркети, уште еднаш го отсликува инвестирањето на компанијата во иновации и е насочен кон задржувањето на уникатноста на брендот ВЕРНА, како веќе препознатлив бренд кој во изминативе години е синоним на услужните дејности што ги нуди Макпетрол.
Во согласност со својата корпоративна стратегија, Макпетрол постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Секоја промена ја гледаме како позитивен одраз на развојот на нашата компанија и нашата визија за иднината.
Горди сме затоа што размислуваме и делуваме во оваа индустрија која еволуира со големи чекори. Се надеваме дека, како и досега, нашите ВЕРНА Shop & Drive маркети и понатаму ќе бидат Ваш прв и најдобар избор. Во нив сте секогаш добредојдени и се надеваме дека ќе најдете се што е потребно за Вас и за Вашето возило.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата