Свет
11. November 2015 - 17:48

Медведев: Западот и Русија минуваат низ тежок период, не е можно воено сценарио

Рускиот премиер Дмитриј Медведев призна дека руските односи со Западот се повеќе од идеални, минуваат низ тежок период, но не е можно е воено сценарио.

- Воопшто не прифаќам таква можност. Постојат неколкумина шефови на држави кои всушност можат да го вратат периодот на Втората светска војна. Тоа не го менува нашиот став кон трагедијата на воените случувања, ниту кон воената катастрофа, истакна Медведев.

Тој додаде дека планетата преживеала две светски војни и затоа сега не е дозволено дури ни да се размислува за такво нешто.

- Важно е секој лидер на држава да биде свесен за околностите и одговорностите при донесување такви одлуки. Мислам дека не е можно такво сценарио во 21. век, објасни рускиот премиер.

Односите меѓу Русија и Западот драстично се влошија откако САД и ЕУ воведоа санкции против Москва во март минатата година поради украинската криза.