Свет
9. December 2015 - 13:05

Медведев: Соборувањето на Сухојот беше причина за војна, но Русија се воздржа

Соборувањето на рускиот авион Су-24 од страна на турските воено воздухопловни сили беше доволна причина за војна, но Москва одлучи да не примени симетричен одговор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

- Што правеа земјите во 20. век во слична ситуација? Почнуваше војна, рече Медведев во телевизиската емисија „Разговори со премиерот“.

Според него турската постапка е директен напад врз странска земја. 

- Меѓутоа во сегашната ситуација војната е најлошто нешто што може да се случи... Затоа донесовме одлука да не примениме симетричен одговор на постапката на Турција, нагласи рускиот премиер.