Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата Ал Арабија истакна дека Москва не сака да биде употребено нуклеарно оружје.
– Употребата на нуклеарно оружје во согласност со нашата доктрина е последната опција. Воопшто не сакаме тоа да се случи. Никој не е луд во руското раководство, наведе Медведев.
Според него, конфликтот во Украина може да биде прекинат без дополнителни загуби за човештвото доколку НАТО престане да го разгорува огнот на војната.
Медведев наведе дека украинските напади со оружје со долг дострел само ја отстрануваат можноста за преговори. – Тоа нема да помине без последици. Ова, се разбира, важи и за преговорите, кои сè уште се далеку, а настаните како овој само ги оддалечуваат. Но, тоа важи и за целата ситуација, истакна Медведев.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз