Loading Video...
Тенис
20. November 2021 - 18:12

Медведев првиот финалист за завршниот АТП Мастерс турнир

Данил Медведев е првиот финалист за завршниот АТП Мастерс турнир што се одржува во Торино. 
 
Русинот, во полуфиналето беше очекувано подобар од Норвежанецот, Каспер Руд кој во меч што траеше 1 час и 20 минути го доби во два сета со 6–4 и 6-2. 
 
Кој же биде противник на Медведев во утрешното финале, ќе дознаеме по вториот полуфинален меч во кој светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиоќ за противник ќе го има Германецот, Александер Зверев. 
 
Овој дуел започнува од 21 часот, термин во кој утревечер ќе се игра финалето.