Тенис
10. October 2018 - 17:40

Медведев не успеа да го изненади Федерер

Роже Федерер се пласира во третото коло на турнирот во Шангај откако со 2-1 го совлада Русинот со 2-1 (4-6, 6-4 и 6-4)  во меч кој траеше скоро два часа.

            Медведев кој е 22-ри на АТП листата  играше добро и го освои вториот сет но немаше сили во третиот да  му парира на противникот кој откако поведе со 5-4 со брејк поен и рутински потоа го приведе мечот до крајот.

            Публиката уживаше во убавите поени на обете страни а вие го гледате најубавиот кој го освои  младиот Медведев при што доби  аплаузи  на отворена сцена дури и од Швајцарецот.

            Следен противник на Федерер е Баутиста Агута.

            На останатите терени доминација на фаворитите па победи остварија Кенет Андерсон, Кеј Нишикори, Дел Потро, Квери и Александар Зверев.