Loading Video...
Македонија
4. October 2016 - 19:18

Медиумите во САД избраа страна - Mакедонските заработија казни

Скоро сите американски медиуми зазедоа страна. И пред претстојните претседателски избори продолжи праксата на подршка на еден од кандидатите од страна на редакциите на највлијателните американски гласила.

Прва се одлучи редакцијата на највлијателниот американски весник Њу Јорк Тајмс. Уште на 24 септември уредувачкиот одбор на весникот и даде подршка на Хилари Клинтон затоа што, како што велат, сметаат дека Клинтон го има потребното искуство и знаење за да придонесе за земјата за разлика од Трамп кој ќе ја донесе америка во опасност. Њу Јорк Тајмс ја подржа Хилари и на внатрешните избори во демократската партија кога таа се соочуваше со Берни Сандерс.

Се чини најинтересен е примерот со агенцијата Хафингтон Пост, која секоја вест за кампањата на Доналд Трамп ја проследува со коментарот кој гласи:

- Трамп редовно иницира политичко насилство и е сериски лажго, голем ксенофоб, расист, мизогинист и насилник кој не верува дека Обама е роден во САД. Трамп е човек кој постојано ветува дека ќе им забрани на 1,6 милијарда муслимани да влегуваат во САД“, стои во текстот на крајот на секоја вест објавена за кандидатот на републиканците.

Клинтон ја има поддршката и од телевизиите Си-Ен-Ен, ЕН-Би-СИ, Си-Би-Ес а во исто време многу од редакциите кои важат за прорепубликански одлучија да не ја следат политиката на републиканската партија и да ја подржат Хилари.

 Помал дел од медиумите во Америка застанаа зад  Доналд Трамп кој сеуште ја нема добиено од најголемиот прорепубликански весник Вашинтон Пост но затоа зад него стои најгледаната информативна телевизија во Америка Фокс-Њуз.

Неколку помали медиуми застанаа и зад независниот кандидат Гери Џонсон.

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1