Свет
6. October 2018 - 11:20

Медиумите немилосрдно го исмејуваат Трамп: Влезе во авион со бела тоалетна на ѓонот, нацијата во транс од смеа

Американскиот претседател Доналд Трамп е на мета на шеги во локалните медиуми и граѓаните на социјалните мрежи зошто е снимен како се качува по скалите од претседателскиот авион, без да забележи дека на едниот чевел има залепена хартија кој личи на тоалетна.

„Тој детаљ не е забележан. Трамп е мета на потсмевање бидејќи под будното око на камерите влегувал во авионот, а на чевелот имал парче бела хартија која личи на тоалетна хартија или салвета“, пренесува Хафингтон Пост.

Тој портал наведува дека тоа е класична комична ситуација која може секому да му се случи но „секако се има поинаква димензија кога тоа е претседателот кој излегува од автомобил и влегува во авион“. На снимката убаво се гледа бела хартија на ѓонот на Трамп.

Трамп патуваше од Минеаполис до Рочестер во Минесота во рамки на кампањата пред парламентарните избори во САД.