Медиумите ja нарекуваат „Трампова ѕвезда“: Оваа жена ќе владее со Америка, а не е Меланија
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, до својата 70-та година успеал да создаде не само успешен бизнис и корпорација вредна повеќе милијарди долари, туку и големо семејство. Негова најголема гордост е секако ќерката Иванка.
Иванка Трамп е совршен пример за современа Американка. Во 35-та година таа е среќна жена и мајка на три деца, успешна деловна жена, голем филантроп и успешна писателка. Во неа Трамп има безгранична доверба и нејзе ѝ го доверува заклучувањето на најважните договори.
Медиумите и политиколозите ја нарекуваат „Трампова ѕвезда“ која ги донесе републикнаците до победа на овие избори. Иванка ја поддржуваше кампањата на татко ѝ, активно учестуваше привлекувајќи многубројни гласачи. Според експертите, токму таа, а не Меланија, сопругата на Трамп, ќе биде прва дама на САД во следните четири години.
Иванка со највисока оценка го заврши Економскиот факултет во Пенсилванија, а знаењето го искористи за основање сопствена фирма. Подоцна се префрли во големите компании и корпорации во кои високо котираше.
На 26 години стана потпретседателка на корпорацијата на својот татко, „Организација Трамп“ и до денес е на таа функција. Има сопствена марка накит „Иванка Трамп“, а подоцна креираше и облека и чевли. Според западните медиуми, таа е пример за совршена жена.
Во 2009 година се омажи за медиумскиот магнат Џерад Кушнер, роди два сина и една ќерка.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората