Свет
4. May 2017 - 10:11

Медиуми: Нешто невообичаено се случува во Бакингемската палата

Персоналот на британската кралица Елизабета Втора свика состанок на персоналот на кралското семејство ширум земјата и нема причина за загриженост, изјавија анонимни извори од Бакингемската палата.

Околу палатата, која е резиденција на британската кралица во Лондон, утринава се собраа голем број на медиуми, по новинскиот напис дека „нешто невообичаено се случува во палатата“.

Десетици телевизиски екипи се пред палатата, а неколку луѓе од државата, блиски до кралското семејство, се повикани на состанок „по гласини што се однесуваат на кралицата или нејзиниот сопруг, принцот од Единбург“, јавија дел од лондонските медиуми.

Извори блиски до Бакингемската палата тврдат дека кралицата и сопругот вчера биле добро.

Кралицата неодамна наполни 91 година, и се врати вчера во Лондон по престој во дворецот Виндзор во западниот дел на Лондон. Нејзиниот сопруг принцот Филип во јуни треба да наполни 96 години.