Македонија
9. April 2016 - 16:09

Медиуми: Анкетите покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, Заев продолжува со дестабилизација преку „обоена револуција“

Резултатите од анкетите, особено оние меѓународните, во Македонија се потврдуваат, пишува во својата анализа реномираната словенечка новинарка Каварна Хајек.

-Во Македонија на пример, каде што се објавуваат исто така анкети на јавното мислење од американскиот републикански институт ИРИ и меѓународната агенција Галуп, покажува дека предизборните анкети веродостојно го прикажуваат исходот од изборите, односно вистинското мислење на граѓаните. И затоа на таквите објавени анкети им се верува. На пример, меѓународните институции ги објавија резултатите од последните анкети според кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголем рејтинг од опозициската СДСМ, претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има три пати поголема поддршка од претседателот Зоран Заев лидерот на опозицијата, е наведено во анализата на новинарката Хајек.

И други медиуми од регионот ги анализираат рејтинзите на македонските политички партии и нивните лидери, користејќи ги како најрелевантни истражувањата за јавното мислење спроведени изминатиов период.

Хрватскиот новинар Бабиќ посебен акцент става на замешувањето на странците, како и на спонзорите и менторите на Заев.

-Koja e причината за играта на Зоран Заев и вмешувањето на ЕУ, САД и разни амбасадори и понижувачкиот избор за амбасадор на ЕУ во Скопје, анонимусот Аиво Орав, кој наводно е „меродавен“ да ја оценува слободата на медиумите во Македонија. Зошто не се кажува вистината. Зоран Заев и неговите спонзори прават се за да не се одржат изборите, затоа што на сите им е јасно дека СДСМ ќе изгуби, стои во неговиот текст. Како што пишува Бабиќ, во исто време лидерите на двете најголеми политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, ги повикаа граѓаните да им се придружат, првиот на изборна победа, вториот на бојкот на изборите.     

Меѓутоа, Заев продолжува да инсистира на тоа дека не постојат услови за избори и уште еднаш споменува попис на гласачите, медиумите и одвојување на партијата и државата, објавено е во хрватските медиуми.