Спорт плус
22. јуни 2018 - 16:35

Медитерански игри 2018: Одбојкарите со пораз го започнаа настапот во Тарагона

Денеска во шпанскиот град Тарагона започнаа 18-тите Медитерански игри на кои Македонија ќе биде претставувана од 71 спортист во 15 спортови. 
 
За жал, македонските одбојкари со пораз го започнаа својот настап. 
 
Тие загубија од Египет со 3:2 во сетови (26-24, 24,26, 25,23, 23-25 и 15-11) во меч од групата Ц во која за противник ќе ја имаат и селекцијата на домаќинот Шпанија. 
 
За вечерва е закажано и свеченото отворање, на кое македонски знаменосец ќе биде каратистот Емил Павлов кој е и наш најголем адут за медал. 
 
Утре со својот настап ќе започнат и двете ракометни селекции. Машката ќе игра против Турција (18:30 часот) во рамките од Д групата во која за противници уште ќе ги има и селекциите на Египет (недела од 16:30 часот) и Србија (понеделник – 18:30 часот). 
 
Дамите пак ќе играа во Б групата против Турција (сабота – 23 јуни), Србија (понеделник – 25 јуни), Црна Гора (среда – 27 јуни.) и Египет (четврток – 28 јуни) сите натпревари во терминот од 12 часот 
 
Покрај нив свои настапи ќе имаат и каратистите: Емил Павлов, Ненад Келебиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Ангела Мојсовска и Симона Заборска, како и Нина Балабан кој ќе не претставува во спортско стрелаштво.