Македонија
30. September 2016 - 15:08

Медитерански форум на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ во Скопје

Зачудени сме што ЕУ нема еден единствен глас кога се зборува за мигранстакта криза. Тоа што недостига е еден заеднички компас на однесување и постапка кон овој феномен и криза со бегалците и мигрантите, а за тој да се најде мора и земјите членки на ОБСЕ и на ЕУ да се држат до меѓународното право.

Ова го истакна потпретседателот на македонското Собрание Антонио Милошоски на Медитеранскиот форум на тема „Промовирање на безбедноста и соработката во Медитеранот“, кој се одржа во рамки на работниот дел на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ чиј домаќин од денеска до 2 октомври е Парламентот на Република Македонија.

- Зачудени сме што ЕУ нема еден единствен глас кога се зборува за мигранстакта криза. Се соочивме со тој проблем како мала држава која што беше на една од мигрантските рути и се обидувавме да најдеме начин како и да ја заштитиме нашата меѓународно призната граница, но исто така да помогнеме и на другите држави на север од нас, на Србија, Хравтска, Унгарија, Словенија, на Австрија да имаат што помал прилив на бегалци кои што би оделе накај нивните земји. Но во тој период Македонија се соочи со еден европски феномен, разногласие во ЕУ. Претставници на држави членки на ЕУ, на еден дел од нив, не охрабруваа да поставиме ограда на нашата граница и укажуваа дека таков чекор ќе значи дополнителен кредит на РМ во нејзините напори во рамките на ЕУ, додека други држави членки не обесхрабруваа да го направиме тоа тврдејќи дека преголемото контролирање на реката на бегалци и мигранти може да не дискредитира во очите на меѓународните организации, рече Милошоски.

Според него,  мора и земјите членки на ОБСЕ и на ЕУ да се држат до меѓународното право бидејќи тоа може да биде најмал заеднички именител за тоа како да се соочиме со мигрантската криза која, вели, не е природен феномен, туку е политички, социјален и безбедносен феномен кој што почна и кој сеуште не е завршен.

Тој искажа и сомневање за одржливоста на Турско - европскиот договор по однос на мигрантите, и потенцира дека прашање е на време кога ќе следува другиот голем бран на мигранти кој што би поминувал по истично-балканската рура која е една од трите кои ги клоростат мигрантите. Блаканот, додаде тој, одсекогаш бил еден од клучните коридори кој ги поврзува европа со Блискиот исток и Северна Африка и од тие причини нам денес ни треба една заедничка стратегија и настап кон оваа појава која се уште ќе трае.

- Никој не може да се обвини за оваа безбедносна криза и воени конфликти во Ирак, Сирија и други земји, но никој не може да ги оправда земјите членки на ЕУ за некоординираноста и пасивноста понекогаш по однос на ова бегалско и мигрантско прашање. Сметаме дека треба во следниот период посебено организации како ОБСЕ со медитеранските партнери да направат заедничка стратегија за мигрантската криза, рече Милошоски.

Република Македонија, нагласи, стои на располагање за се она што ќе биде утврдено како старегија да го даде својот активен придонес кон кризата со бегалците и мигрантите и кон контролираното движење и контролиран тек на овој проблем со мигрантската криза. - Истовремено замолуваме оние кои што имаат повеќе ресурси и влијание посебно постојаните членки на СБ на ОН да се ангажираат за долгорочно решавање на овој проблем посебно во воените жаришта, посебно за координирано дејствување во Сирија и Ирак, рече Милошоски.

Малин Ларсон Граве од Европската канцеларија за поддржа на азил востановена 2010 година, со седиште во Малта кои делуваат како центар за експертиза на азил и придонесуваат кон имплементација и развој на законската рамка на ЕУ и заедничкиот систем на азил, информира за состојбата со бројот на баратели за азил. Според неа, оваа година во однос на минатата се забележува побрзо решавање на барањата за азил кај ЕУ земјите.

- Главни земји на потекло на барањата е Сирија, по што следи Авгснистан и Ирак. Заедно тие претставуваат повеќе од половина или 55 проценти од сите барања за азил регистрирани во ЕУ плус. Германија останува прва во однос на земјите кои примаат барања за азил, а што се однесува на распределноста во трите главни земји се распоредени 75 проценти од барањата за азил, рече Граве.

На Петнаесеттата есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), чиј домаќин е Собранието на Република Македонија, се очекува учество на делегации од 51 земја учеснички во ОБСЕ од Европа, Централна Азија и Северна Америка, и земји-партнери за соработка со ОБСЕ.

На официјалното отворање на есенската сесија на ПС на ОБСЕ, попладнево ќе се обратат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, потпретседателката Рената Дескоска и  претседателката на ПС на ОБСЕ Кристин Мутонен. На сесијата, се очекува да учествува и Ламберто Зениер, генерален секретар на ОБСЕ, кој ќе се обрати на седницата на Постојаниот комитет што ќе се одржи на 1 октомври.