Медицински сестри се обучуваат за постапување при живото-загрозувачки состојби | Сител Телевизија
Македонија
26. April 2018 - 17:04

Медицински сестри се обучуваат за постапување при живото-загрозувачки состојби

Почнаа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби како прв чекор во континуираниот процес на едукација, информираат од Министерството за здравство. 

На веб страницата на Министерството е објавено дека обуките следат по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози. 

Во текот на оваа недела, како што се наведува, е предвидено со обуките да бидат опфатени 230 учесници.

Обуките се спроведуваат во соработка со Медицинскиот симулациски центар и предвидено е со договорената динамика да продолжат и во претстојниот период, согласно континуираните заложби за унапредување на знаењата и вештините на здравствениот кадар во јавните здравствени установи во државата, посочуваат од Министерството за здравство.